Кога овца дава отпор: Шест години бегала од газдата да не ја потстриже

Овца од Нов Зеланд, со име Шрек, избегала од нејзиното стадо и се криела во пештера шест години, избегнувајќи да биде потстрижана.
Кога локалните жители конечно ја пронашле, таа имала толку многу волна што им беше тешко да распознаат дали тоа животно е воопшто овца.


Според нејзиниот сопственик, кога конечно по шест години, ја потстрижале, имала толку многу волна што можело да се направат 20 машки костуми.
Сопственикот верува дека овцата Шрек сакала да биде пронајдена и затоа се појавила по толку долго време.
Тој верува дека овцата најверојатно имала проблем со движењето, топлината и стресот поради тежината од толку многу волна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.