Кога треба да се тестирате ако сте биле во контакт со заразен од коронавирус?

Ако сте биле во контакт со личност која е позитивна на COVID-19, веројатно се прашувате кој е вашиот следен чекор. Периодот на инкубација за коронавирусот може да трае од два до 14 дена, така што веројатно ќе треба да се самоизолирате во тој период, без разлика дали се чувствувате болни или не.
Исто така, треба да размислите за тестирање за да можете да потврдите дали сте навистина заразени со коронавирус.
Експертите препорачуваат да се тестирате во следниве случаи:
Ако имате симптоми на COVID-19.
Ако сте биле во близок контакт со заразено лице.
Ако здравствените работници ве упатија да се тестирате.
Сепак, понекогаш тестот може да биде негативен, но не мора да значи дека не сте навистина заразени. Еве кога навистина треба да се тестирате ако сте биле во контакт со заразено лице.
Кога се појавуваат симптоми?


Ако сте биле изложени на вирусот, веројатно нема да развиете симптоми веднаш – може да потрае и до две недели за да се појават знаци на болеста. Најчести симптоми се треска, кашлица, отежнато дишење, умор, болка во мускулите и зглобовите, главоболка, губење на осетот за мирис и вкус, затнат нос, повраќање или гадење и дијареја.
Времето за тестирање е важно
Ако сте биле тестирани веднаш откако сте биле изложени на коронавирусот, на пример ден по изложувањето, тестот веројатно ќе биде негативен без оглед дали сте заразени, вели експертот за инфективни болести Амеш А.Адаља, научник од Центарот за здравствена безбедност Џонс Хопкинс. Ова е затоа што треба да имате одредено вирусно оптоварување, односно одредена количина на вирус присутна во вашето тело за да може тестот да го открие.
Лажно негативен тест може да биде опасен затоа што може да го пренесете вирусот на другите околу вас, дури и без да сте свесни за тоа. Ако тестот покаже дека сте позитивни, тогаш треба да бидете во самоизолација, но доколку е негативен, бидете внимателни за време на периодот на инкубација.
Студија на Американскиот колеџ за кардиологија исто така открива дека повеќето луѓе развиваат симптоми околу пет дена откако биле изложени на вирусот и често се заразни два дена пред да развијат симптоми и до еден ден по почетокот на симптомите.
Кога треба да се тестирате?


Најдобро е да го направите она што го советува вашиот лекар затоа што е најдобро запознаен со вашата здравствена состојба и околности. Но, неколку експерти за превенција дадоа неколку совети кога станува збор за тестирање откако сте биле изложени на коронавирус.
Луис Нелсон, претседател на Одделот за итна медицина на Медицинскиот факултет Rutgers во Њу Џерси, препорачува да почекате за тестирање додека не развиете симптоми.
„Додека во некои случаи не е оптимално да се чекаат симптоми, ова е можеби најпрактичниот одговор“, вели тој и додава дека треба да бидете во самоизолација најмалку 14 дена по изложувањето и треба да ги контактирате сите со кои сте контактирале претходно.
Исто така, треба да се консултирате со вашиот лекар за дополнителни совети и препораки.
Ако немате симптоми и сте биле изложени на вирус, Адаља препорачува да почекате најмалку четири дена за да бидете тестирани, така што вирусот има доволно време да се акумулира во вашето тело доколку сте заразени.
Ако добиете позитивен резултат од тестот и не развиете симптоми или негативен резултат, сепак треба да бидете во самоизолација 14 дена откако сте биле изложени поради периодот на инкубација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.