Во четири наврати актуелните светски шампиони во фудбал биле елиминирани уште во фазата по групи како бранители на трофејот на следниот шампионат.
Елиминацијата на Германија во првиот дел од Светското првенство во Катар им ги врати мислите на германските навивачи на Мундијалот во Русија пред четири години. Тогаш исто така не ја поминаа групата иако беа актуелни светски шампиони и ја бранеа титулата од 2014 година.
Во последните 24 години на светските првенства од 1998 до 2022 на уште три репрезентации актуелни светски шампиони им се случило на следното првенство да не ја минат групата.
Франција која беше шампион во 1998 година, во 2002 година не ја помина групната фаза.
Во воведниот натпревар на Светското првенство во фудбал кое се играше во Јапонија и Јужна Кореја, тогашниот актуелен светски првак беше шокиран од репрезентацијата на Сенегал со поразот од 1:0, а потоа „галските петли“ не успеаја да ја поминат групата.
Италија беше светски шампион во 2006 година, а го заврши шампионатот по само три одиграни натпревари. Во првенството кое во 2010 година се играше во Јужна Африка „азурите“ беа елиминирани во воведната фаза во групата во која играа уште Словачка, Парагвај и Нов Зеланд.
И Шпанија која беше шампион во 2010 година испадна по натпреварите по групи во 2014 година. Тогаш групата ја минаа Холандија и Чиле, а шпанците заедно со Австралија ги „спакуваа“ куферите и го напуштија Бразил кој беше домаќин на шампионатот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.