Кога Љупка Митрова се (с)облекува, здивот сам запира!

Македонската модна блогерка, инфлуенсерка и модел, атрактивната Љупка Митрова одново е во фокусот на машките и не само машките желби! Згодната струмичанка во својот нов видеоедиторијал нуди доволно материјал со својата рекламна фотосесија да стане машка опсесија!
А како и не би, кога промовирајќи го трендот, Љупка го смени брендот, но не и начинот на промоција. Зашто кога Љупка Митровс се (с)облекува за она што го носи на себе да го промовира, здивот сам запира! Особено ако како во случајов, е во прашање женска долга облека.


Свила и тантела во различни бои, проѕирни гаќички и градници, секси танги и жартиери… се само дел од богатата колекција на познатиот регионален бренд, кого раскошната и бујна македонска убавица го рекламира носејќи ги најубавите и најскапи парчиња на себе.
А Љупка и тоа како знае како да ги носи… Како да ги облече и соблече, колку да се разголи и колку да покаже, за доволно да се гледа, а сепак ништо да не се види… Освен она што секој сака да го види на неа, покрај парчето од брендот, се рабира!


Таков е и кусиот моден еротски видеоедиторијал на сексапилната струмичанка во режија на уметничкиот фотограф и режисер Зоран Стојановски – Зонде. Секоја нејзина секси поза и секое нејзино движење предизвикува „ежење“ и возбуда. Секој поглед буди желба, копнеж и страст… Чиста егзотика и суптилна еротика, низ призмата на објективот во корелација со моделот… Уметничко мајсторство, за општо задоволство и… поединечни воздишки!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.