Урмите се одличен извор на природни влакна кои му се неопходни на организмот за добра работа на цревата. Природниот шеќер кој се наоѓа во урмите е совршена алтернатива за обичниот шеќер. Лесно се варат и го намалуваат чувството на глад. По својот состав урмите се вистинска природна мултивитаминска таблета која можат да ја користат и возрасни и деца.
А еве и за што сѐ се добри.
Одличен извор на железо
Ова е посебно значајно за оние кои боледуваат од анемија. И овие лица би требало да јадат колку што можатр повеќе од ова овошје. А железото, како дел од хемоглобинот ја одредува количината на кислород во крвта . Најголеми потреби за железо имаат децата и бремените жени.
Ја запираат диарејата
Урмите содржат калиум кој е неопходен за запирање на диарејата. Исто така, помага црвената флора брзо да се обнови, такашто полесно создава пријателски бактерии.
Ја регулираат телесната тежина
Заради високиот процент на хранливи супстанции ова овошје оредизвикува чувство на ситост и помага при губење на вишокот килограми.
Го снижуваат холестеролот
Урмите имаат способност да ја намалат количината на несаканиот, односно, на лошиот холестерол во телото. Затоа ова овошје е извонредна храна за луѓето со покачен холестерол.
Го зајакнуваат срцето
Луѓето кои имаат слабо срце можат да го консумираат ова неверојатно овошје. Во текот на ноќта потопете ги урмите во вода. Наутро, извадете ги семките, смелете ги во блендер заедно со водата во која стоеле во текот на ноќта. Земнајте го овој лек неколку пати дневно за да го зајакнете срцето.
Ја зајакнуваат забната глеѓ
Урмите содржат флуор кој е битен минерал во борбата со кариесот, затоа што спречува натамошно расипување на забите. Урми можат да му се дадат и на мало бебе на кое му растат запчиња да ја цица бидејќи тоа ќе му ја намали болката во непцата.
Урмите се добри и за лекување на црниот дроб и за чистење на организмот од отровни супстанции. Земањето сок од ова овошје помага и за лекување на болка во грлото, како и на различни виови на грозници.