Кои се шансите Доналд Трамп да ја добие Нобеловата награда за мир, a што кажуваат квотите?

Норвешкиот политичар Кристијан Тајбринг Геде во средата објави дека го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир.

 „Не е важно како Трамп се однесува во својата татковина и што зборува на прес-конференции, тој има апсолутни шанси да ја добие Нобеловата награда“, изјави Норвежанецот за АП.

Коефициенти во обложувалници

Шансите Доналд Трамп да ја освои престижната награда беа многу мали на почетокот на неделата, со коефициент 101 според Бефер. 

Сепак, по објавувањето на номинацијата, шансите на Трамп скокнаа рамо до рамо со основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс (коефициент 21). 

– Ненадејната номинација на Доналд Трамп ги натера букмејкерите да го гледаат како добитник на наградата по која копнееше толку долго. Во годината во која тој може да победи на претседателските избори, невозможно е целосно да се исклучи – изјави Сем Росботом од Бефер. 

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн е на првото место меѓу светските лидери со квота од 6, таа доби светско признание за решавање на кризата со вирусот корона во нејзината земја. 

Трката ја водат и шведската активистка Грета Тунберг (коефициент 4) и Светската здравствена организација (коефициент 3,5).

Трамп не би бил првиот американски претседател што би ја добил Нобеловата награда. Наградата му припадна на Барак Обама во 2009 година „за неговите извонредни напори за зајакнување на меѓународната дипломатија и соработка меѓу народите“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.