“Коктел од лубеница” за добра летна забава

Интересно е тоа што овој коктел само надворешно изгледа на лубеница, а во себе содржи сосема други состојки. Доколку сте во потрага на оригинален коктел, којшто ќе чини малку, а го има оној освежувачки летен вкус, тогаш ние го имаме вистинскот рецепт за Вас.
Овој “коктел од лубеница” се состои од зелен лимон, текила и желатин со вкус на јагода, а малите семки коишто можат да се забележат на површината се всушност црн сусам.
Погледнете како се прават овие оригинални шотови од лубеница:

Подготовка :
1. Желатинот измешајте го во вода, почекајте тој целосно да се раствори, а дури потоа додадете ја текилата и промешајте.


2. Зелениот лимон исечете го на еднакви половини, потоа исчистете ги од внатрешната содржина за да остане само белата кора.
3. Сипете ја смесата во така приготвените половини лимон и оставете ги во фрижидер. После 4 часа смесата ќе биде стегната и подготвена за консумирање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.