КОЛАЧ со БАНАНИ и ЧОКОЛАДО! Време е за уживање! (РЕЦЕПТ)


Доколку ја сакате комбинацијата од банана и чоколадо, овој десерт е идеален за вас! Најдобро оди со кафе или чај во моменти на одмор, па не ви останува ништо друго освен да го испечете колачот и да уживате!

 

 

 

Состојки:

 

  • две чаши брашно
  • чаша шеќер
  • една лажичка прашок за пециво
  • една лажичка сол
  • половина лажичка сода бикарбона
  • 125 мл масло
  • две јајца
  • чаша ситно сечкана чоколада
  • три средни банани

 

Подготовка:

 

Во поголем сад измешајте брашно, сол, прашок за пециво, сода бикарбона, масло, пасирани банани и јајца. Убаво се мати со миксер, па се додава ситно сечканата чоколада и се меша. Добиената смеса истурете ја во калап обложен со хартија за печење и печете во рерна на 180 степени околу 60 минути. Изладете и послужете.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: