ЗА ПАНДИШПАН
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
50 г рендано чоколадо
ЗА ФИЛ
300 мл хопла
80 г шеќер во прав
1 лажица какао
1 ванилин шеќер
Жолчките изматете ги со шеќерот. Додадете ги ренданто чоколадо, изматени белки и брашно, и промешајте со лажица. Испечете пандишпан и исечете го на два дела.
Хоплата изматете ја со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Додадете го какаото и со филот премачкајте го првиот дел од пандишпанот. Ставете го вториот дел од пандишпанот, филувајте го колачот и исечете на парчиња.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.