Количеството израелски бомби фрлени врз Газа го надминува она од Втората светска војна

– Израел фрли повеќе од 70.000 тони бомби врз Појасот Газа од октомври минатата година, далеку надминувајќи ги Дрезден, Хамбург и Лондон заедно за време на Втората светска војна.Кон крајот на април, „Euro-Med Human Rights Monitor“ процени дека околу 70.000 тони бомби биле фрлени врз Газа, покривајќи го периодот од шест месеци од 7 октомври до 24 април.„Се проценува дека Израел фрлил повеќе од 70.000 тони експлозив на Појасот Газа, покрај операциите со булдожери, што резултираше со уништување на сите објекти на растојание до еден километар на исток и север од Појасот со цел да се создаде таканаречена тампон-зона“, соопшти организацијата за мониторинг на човековите права со седиште во Женева.Германците го бомбардираа Лондон, фрлајќи околу 18.300 тони бомби во периодот помеѓу 1940 и 1941 година, според различни проценки, меѓу кои и архивата на Њујорк тајмс.„Сојузниците фрлија 8.500 тони бомби врз Хамбург во летото 1943 година“, рече Хендрик Алтоф, научен соработник на Катедрата за историја на Универзитетот во Хамбург.Сојузниците употребиле и 3.900 тони бомби на Дрезден во февруари 1945 година, според историските податоци.Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври и покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.Според локалните здравствени власти, оттогаш во Газа се убиени повеќе од 36.500 Палестинци, од кои најголем дел жени и деца, а речиси 83.000 се повредени.По речиси осум месеци од почетокот на израелските напади, огромни делови од Газа се во урнатини, а недостигаат храна, чиста вода и лекови.Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што засолниште од војната најдоа над еден милион Палестинци.

Пронајдете не на следниве мрежи: