Согласно Законот за работни односи, секој работник има право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена.
Законот предвидува годишниот одмор да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се користи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година.
Важно е да се напомене дека во годишниот одмор не се пресметуваат: празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.
Хонорарарците и другите нетипични видови на вработувања не се предвидени со Законот за работни односи, но морална обврска на менаџментот кој ги користи услугите на оваа група работници е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени.
Законот предвидува прекршочка одговорност на сите работодавачи кои ќе ги прекршат одредбите недавајќи им одмор на своите работници.
Секое користење на годишен одмор треба да биде однапред утврдено со план за одмори и секако писмено да добиете документ за користење на годишен одмор- потпишан од работодавецот и од вас како вработени.
Доколку според работните обврски мора да работите за празник работодавецот е должен да ви исплати празнична дневница.