Труење со храна им се случува на илјадници луѓе ширум светот, а освен летното топло време, најопасни се и празниците, а тоа се појавува поради неприкладното чување и јадење на храната која ги променила својствата.
Ви откриваме колку долго после подготовката на храна, намирниците остануваат здрави, односно после колку денови консумирањето на остатокот од храната станува штетен за вашиот организам.
Месо и риба
Меѓу најопасните намирници, секако спаѓа месото, поради можноста за развивање на бактерии. Ако ви остане риба или друга храна со риба, од неа побрзо ослободете се, особено ако не стоела во фрижидер.
Месото може да го чувате подолго, до пет денови, но исклучиво ако го чувате покриено со фолија или во посебнен дел во фрижидерот. До развој на опасни бактерии доаѓа ако се наоѓа на температура поголема од 8 степени, па не е добра идеја да го чувате на тераса. Сите остатоци кои ги ставате во фрижидерот најдобро е да ги чувате на горната полица, каде што е најладно.
Сосови
Тие можат да бидат опасни, особено поради взаемната контаминација (на пример ако со истата лажица или вилушка го допирате месото, па потоа повторно во сосот). Треба да ги изедете во рок од три дена, а истото важи и за руската салата која може да биде опасна поради јајцата и мајонезот.
Зеленчук
Јадење на зеленчукот после вториот или третиот ден откако е подготвен, не може да ви наштети, а проблемот кај зеленчукот не го задаваат бактериите, туку габите. Тие се размножуваат на собна температура, а најмногу ги има во слаткиот зеленчук, како компирот – затоа најдобро е да го изедете во рок од два дена. Ако сакате да ги убиете можните габи на зеленчукот, стоплете го – но само еднаш, на температура над 60 степени околу 10 минути.
Колачи
Рокот на кремастите колачи е четири денови во фрижидер, додека оние сувите можат да траат и до 20-на дена. Ќе бидат посвежи ако ги држите на суво и темно место, покриени со крпа, бидејќи во фрижидер на себе ќе навлечат влага.