Комисијата за заpaзни болести со предлог во недела да не работи ништо, работното време на кафулињата до 22 часот

Членови на Комисијата за заразни boлести викендов прават анализи за начинот на кој што се пренесува кopoнавиpyсот.
Поради што може да дојде до ескалација на епидемиолошката состојбапо што во понеделник, како што информираат изворите на Фактор ќе излезат со неколку препораки до Владата.
-Прво дефинитивно ќе предложиме да се намали работното време на локалите, ноќните клубови, кафулињата и така натаму.
Практично секаде каде што има голема концентрација на луѓе, а речиси никој не ги почитува мерките за заштита од кopона вирycот.
Ние навистина дозволивме угостителските објекти да работат од економски аспект, но ова повеќе нема никаква смисла, сè е претерано, и нормално е да имаме рекордни бројки на новозараени.
Еве, токму синоќа во локал во Драчево имало присутни повеќе од 2.000 луѓе. Гостувал некој пејач од Србија. Навистина не знам со кој памет се прави сето ова.


Затоа нашата препорака ќе биде работно време за угостителските објекти и ноќни локали да биде ограничено до 22 часот. Сметаме дека рестриктивните мерки навистина имаа добри резултати, вели изворот на Фактор.
Освен тоа, како што потенцираше тој, на состанокот в понеделник ќе биде предложено и тоа, в недела да не работи ништо, ниту маркети, ниту молови, ниту угостителски објекти, како што е праксата секаде во светот.
-Крајно време е тоа да го направиме. Недела мора да биде неработен ден за сите. На тој начин, освен што сега практично ќе се заштитиме ширење на кopoна виpyсот, ќе може да здивнат и вработените во моловите чие работно време е до 22.00.
Недела треба да се знае дека треба да биде ден за со семејството. Така функционира современиот свет, вели изворот на Фактор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.