Комшија, да не ја заборави отворена слушалката

Сигурно генерациите родени пред деведесеттите се сеќаваат дека за да ти стават фиксен телефон во куќата или во станот се чекаше по неколку недели, па и месеци.
Секоја зграда имаше по една линија на два стана, така што кога се зборуваше во еден стан, во другиот, неговиот „двојник“, немаше сигнал. Ако има пречки во мрежата или не се слуша добро се вртеше неколку пати нулата.


Прислушувањето со двојници се препознаваше по звуци кои го менуваа разговорот, па се прекинуваше или следуваше тропање на ѕидот и викање за да се спушти од другата страна.
Денешните генерации никогаш нема да го осетат чувството кога едно семејство дознава кој му е двојникот, за потоа да може да му тропне на врата за да праша некој случајно да не ја заборавил отворена слушалката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.