Коневски: Мицкоски треба на клоци да го избркаме ако изгубиме на претседателските избори

Доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби претседателските избори во април, одговорноста ќе биде лична на Христијан Мицкоски и тој треба да се повлече од лидерската функција во партијата, вели Ивица Коневски, кој два мандати беше градоначалник на Општина Аеродром.
Коневски не е меѓу избрканите членови на партија, не е ниту дел од новото раководство, има функција како советник на Мицкоски за Град Скопје. „Многу беше погрешен пристапот на претседателот на партијата Христијан Мицкоски со исклучување на членови. Многу од членовите се дистанцираа од самиот претседател, а има и голем број кои воопшто не доаѓаат во партија само заради тие политики на поделби на предавници и патриоти. Тоа беше погрешен чекор и самата партија ја носи во погрешен правец“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.