Италијанскиот специјален комесар за вонредни состојби вели дека за прв пат од почетокот на пандемијата има повеќе респиратори отколку пациенти на одделенијата за интензивна нега.
-Тоа ни дава сила да одиме напред, вели италијанскиот специјален комесар за вонредни состојби, Доменико Аркаури.
Аркаури рече дека пред тоа требало да одлучуваат кој да добие респиратор за да може да се спаси нечиј живот, бидејќи немало доволно за секој на кому му било потребно.
-Тоа ќе го помнам цел живот и не сакам никој да ја доживее оваа дилема- рече тој.
Веќе неколку дена бројот на пациенти, во Италија, кои се наоѓаат на интензивна нега се намалува.
Во Европа, најголема смртност од коронавирусот има во Италија – повеќе од 24.000 лица. Во Италија, во првите недели од пандемијата, болниците потклекнаа под притисок на болните, особено на северот, каде имаше најголем број заразени..