Контролор на „Дурмо турс“ доби условна казна за трагедијата кај Ласкарци

Обвинет во издвоена постапка за несреќата кај Ласкарци, кога во автобусот на смртта загинаа 16 лица, а 30 беа повредени, призна вина пред судот и доби условна казна затвор од 2 години, ако во наредните 5 не го повтори делото.
Судијката Славица Андреевска го осуди гостиварецот со иницијали В.Г. за несовесно работење, бидеќи, иако знаел дека дека има вграден уред за лажирање на брзината во автобусот на „Дурмо Турс“, издал потврда за извршена проверка со образложение: „И покрај тоа што пломбата која го спречува неовластеното отварање на куќиштето на тахографскиот уред била оштетена и постоел вграден уред за манипулација на реалната брзина која ја бележи тахографот, обвинетиот издал потврда дека проверката е извршена“.


– „Обвинетиот делото го сторил на 05.01.2018 година, што укажува за безобѕирноста и начинот на кој функционирал превозникот „Дурмо турс“ и „Автомото Здружението Гостивар“. Не само што сами на себе дефакто си вршеле контрола на исправноста на превозните средства – автобусите, туку имале и овластување и тахографските уреди во автобусите кои сами ги манипулирале, истите врз основа на ова решение да ги оценат дали се исправни или не. Меѓутоа, и покрај тоа што оваа работа заради која што сега одговара обвинетиот, можеле сами да ја завршат, му ја доделиле на обвинетиот, тој да ја заврши и да ја „аминува“ исправноста на тахографскиот уред“, пишува во пресудата.
Обвинителот на рочиштето рекол дека причината поради која обвинетиот го направил делото не се 2.500 денари колку што наплатил, туку ситуацијата во која што бил доведен, односно ќе се соочел со последица неговата работилница да биде затворена.
За потсетување, во

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.