Концерт на „Летечки пекинезери” во „Лабораториум”






PMG Jazz Klub продолжува со својата серија концерти во „Лабораториум ”. Овој петок, 23 февруари, од 21 часот, ќе може да се ужива во музиката и да се биде дел од амбиентот кои ги создаваат „Летечки пекинезери, еден од водечките современи македонски џез бендови.

Свинг-џез квинтет формиран во Скопје, во 2004 година, „Летечки пекинезери” е бенд со огромен репертоар оригинални теми, a за создавање на репертоарот, најмногу се ангажирале основачите на бендот, Бојан Петков-Шамба (гитара) и Иво Солдатовиќ-Сол (кларинет). Останати членови на бендот се: Петар Христов, тенор-саксофон, Кирил Туфекчиевски, двоен бас и Славчо Коцев, тапани.

Пекинезери деновиве пробиваат нови правци на нивните музички интереси, па се чини ова е извонредна можност да се запознаеме со актуелните интереси на бендот.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: