Коп: Прашањето за Уставот не треба да се користи како изговор да не се спроведат реформите

 Целото прашање околу Уставот не треба да се користи како изговор да не се спроведат реформите. Реформите веќе можеше да бидат направени и порано, но сега е крајно време. Скринингот започна и овој процес не може повеќе да се прекинува, смета амбасадорот на Холандија во земјава Дирк Јан Коп.

Главниот проблем во земјава, според холандскиот амбасадор Коп, е дека владата и парламентот не се целосно функционални, а за влез во Унијата тоа е крајно неопходно.

Во однос на уставните измени на патот кон ЕУ, Коп во интервју за емисијата „Трилинг“ вели дека, според него, логиката и разумот се на страната на Северна Македонија, но и дека Северна Македонија сака  да влезе во Унијата и мора да ги исполни критериумите.

– Северна Македонија се согласи да го смени Уставот, како услов за отворање на втората фаза од меѓувладината конференција. Според мене, ова е само релативно важно, затоа што вашите односи со Бугарија тука нема да завршат. Се додека станете членка на ЕУ и не седнете на иста маса, сите земји членки можат да ви прават секакви пречки на патот, како што покажала историјата, посочи Коп. 


Пронајдете не на следниве мрежи: