КОРОНА БИЛАНС: помалку новозаразени (214), сеуште висока бројка на починати (36)

Од направени 2.276 тестирања во изминатите 24 часа се регистрирани 214 нови случаи на КОВИД-19, пријавени се 36 починати, како и 305 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Најголем број од новозаболените се во Скопје – 94, по што следат Куманово – 29, Тетово – 19, Прилеп и Виница – по 7, Охрид – 6, Велес, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 5, Штип и Струмица – по 4, Битола, Кавадарци, Струга и Кичево – по 3, Гостивар, Радовиш и Богданци – по два, а Гевгелија, Ресен, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по еден.

Регистрирани се 305 оздравени пациенти од Скопје – 105, Куманово – 39, Прилеп – 27, Велес – 19, Битола – 17, Тетово – 15, Кочани – 14, Охрид – 13, Кичево – 12, Штип – 9, Струмица – 6, Валандово – 5, Гостивар – 4, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 3, Кавадарци, Крушево и Пехчево – по 2, Берово, Виница, Демир Хисар, Кратово и Дојран – по 1.

Единаесет од починатите се од Скопје ( 63г, 65г, 65г, 68г, 70г, 71г, 72г, 75г, 76г, 79г и 86г ), пет од Битола (52г, 60г, 66г, 68г и 70г ), три од Куманово (68г, 79г и 84г) по две лица од Тетово (76г и 82г), Велес (58г и 71г), Гостивар (73г и 74г), Кавадарци (70г и 75г), Струмица (64г и 78г) и Гевгелија (60г и 68г), и по едно починато лице од Прилеп (88г), Охрид (87г), Струга (46г), Кочани (82г) и Кичево (68г). Три пациенти се починати во домашни услови, а другите 33 во болнички услови. Пријавени се 14 пациенти кои се починати во период од 1 до 17 април, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Во моментов во Охрид има 456 активни случаи, а во Струга 159.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.