Коронавирусот напаѓа се помлади луѓе

Коронавирусот напаѓа се помлади луѓе

Многу повеќе помлади луѓе имаат потешка форма или умираат од новиот коронавирус, предупреди Светската здравствена организација.
Експертите на СЗО се обидуваат да откријат зошто се повеќе здрави пациенти, кои претходно немале никакво хронично заболување, се наоѓаат во одделите за интензивна нега со тешки форми на заразата.
– Се уште има многу непознати во моментот. Општо, повеќето од пациентите, кои имаат тешка форма на Ковид-19 и се примени на интензивна нега, се повозрасни лица и обично имаат една или повеќе хронични болести. Сепак, она што се забележува во некои земји е дека пациентите на 30, 40 и 50 годишна возраст многу често завршуваат во оддел за интензивна нега, а случаите се повеќе завршуваат со смрт, изјави експертот на СЗО, доктор Марија Ван Керхове на прес-конференција во Женева..


Изјавата на експертите од СЗО доаѓа во момент кога 13-годишно момче без никакви претходни здравствени проблеми, почина во понеделникот од Ковид-19 во лондонска болница. Во Кореја еден од шест смртни случаи како последица од новиот коронавирус, се меѓу луѓе на возраст под 60 години, покажуваат статистичките податоци на СЗО.
Во Италија околу 10 до 15 отсто од луѓето, кои починале по интензивно лекувае в болница, биле на возраст под 50 години.
Минатата недела во Велика Британија почина 21-годишна девојка заразена со коронавирусот, без да има претходно какви било здравствени проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.