Коронавирусот трајно ќе ни ги промени животите: Работата од дома е само една појава на која се навикнуваме

Коронавирусот веројатно ќе остави траен отпечаток на светската економија и ќе донесе трајни промени, но и важни поуки, оценува CNN.
Следењето на вирусот веројатно ќе стане дел од нашите животи, како што беа и безбедносните мерки по нападите на 11-ти септември, пишува “CNN”. Важно, е како што се наведува, да се инвестира во инфраструктурата потребна за откривање на идните вирусни епидемии. Таа инвестиција ќе ја штити економијата во случај да се докаже дека заштитата од Ковид-19 е привремена.
Многу економии усвоиле верзии на скратена работа во текот на пандемијата. Благодарение на тоа, работниците остануваат вработени и платени, а владата компензира со помали плати.
Работата на далечина ќе стане почеста, а има докази дека работата од дома е подеднакво продуктивна како и работата во канцеларија.


Кризата предизвикана од пандемијата го забрзала темпото на дигитална трансформација со понатамошна експанзија на е-трговијата и побрзо усвојување на телемедицината, видео-конференциите и онлајн-учењето, се наведува во текстот.
Од друга страна, компаниите во меѓународниот ланец на снабдување наидуваат на потешкотии. Веројатно многу од нив ќе ја променат локацијата на своето производство, а тој тренд нема да создаде нови работни места, туку поголем дел од производството ќе биде автоматизирано. Јавниот долг, како што се наведува, ќе “се надува”, и ќе создаде финансиски проблеми ширум светот.
Најважна поука која може да извлече од пандемијата е значењето на заедничката работа во решавање на проблемите кои го погодуваат целото човештво, се наведува текстот и се заклучува дека светот е многу посилен кога е обединет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.