Во организација на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје и Асоцијацијата на менаџери за корпоративна сигурност на Југоисточна Европа (SEECSA) денеска се одржа работилница: КОРПОРАТИВНАТА БЕЗБЕДНОСТ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈАТА КОВИД -19
On – line работилницата овозможи да се добијат знаења и практики за улогата на менаџерите за корпоративна безбедност во структурата на современата менаџерска структура на деловната заедница. Клучни теми на работилницата беа: сајбер безбедноста во услови на пандемија Ковид -19; информациона заштита на деловното работење во услови на пандемија Ковид -19, заштита на човечките ресурси во услови на пандемија Ковид -19, безбедноста на деловното работење во услови на пандемија Ковид -19 и тенденции во областа на корпоративниот криминалитет во услови на пандемија Ковид -19.
Модератор на работнилницата беше проф. д-р Атанас Козарев, Претседател на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје, кој истакна дека остварувањето на задачите и мисијата на корпоративната безбедност во услови на пандемијата Ковид – 19 има релевантно значење за функционирањето на деловниот свет, посебно од аспект на примената на корпоративните безбедносни мерки за заштита на деловното работење.
Предавачи на работнилницата беа: проф. д-р Драган Триван, Претседателот на Српската асоцијација менаџери за корпоративна безбедност и прв претседател на Асоцијацијата на менаџери за корпоративна сигурност на Југоисточна Европа (SEECSA), проф. д-р Хадзиб Салкиќ, од Центарот за деловни студии Кисељак, постојан судски вештак од областа на криминалистиката, посебно од областа на мобилните технологии и главен и одговорен едукатор на научно-истажувачкото списание “Едукатор”, г-дин Марјанчо Спасовски, раководител на Секторот за корпоративна безбедност во Македонски телеком, г-диин Махир Хоџиќ со 15 годишно искуство во безбендосниот корпроативен сектор и уредник на списанието A&S Adria, проф. д-р Александар Ивановиќ, претседател на НВО “Монитор” во Нови Пазар и проф. д-р Југослав Ачкоски од Скопје.