Овогодинешниот претставник на Албанија на „Евровизија“ е Албина и нејзиното семејство Кељменди.
Албина и нејзиното семејство се од Косово и Метохија, поточно од Пеќ.
Претставничката на Албанија по пласманот во финалето даде изјава за присутните медиуми.
Едно од прашањата беше:
– Вашето семејство не ја претставува само Албанија туку и Косово. Како вашиот град во Косово го доживува овој значаен момент за вас?
– Верувам дека ,,лудница” е таму. Иста крв сме, иста националност, Косово и Албанија се како брат и сестра. Имаме мајка која е одлична, Голема Албанија и верувам дека се многу возбудени, веќе ја видовме сета љубов и поддршка што ни ја даваа деновиве. Не знам што навистина се случува таму, но се надевам дека ќе ги видиме сите кога ќе се вратиме таму – одговори претставничката на Албанија.
Инаку, Албина до финалето на „Гласот на Албанија“ стигна на само 16 години. Таа порасна во куќа на професионални музичари и сите ги однесе на евровизиската сцена. Со неа беа мајка и’, татко и’ братот и сестрата а единствениот што го оставиле дома е златен ретривер. Во спротивно, како што рекоа, ќе го земеа и него, но правило на „Евровизија“ е животните да не можат да излезат на сцена.
Пронајдете не на следниве мрежи: