Денес косовскиот министер за внатрешни работи, Екрем Мустафа изјави дека нема информации каде се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот “Монструм“. Тој вели дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција.
Како што е познато Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година и двајцата се избегани на Косово. Властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потерница и од Косово побараа да бидат екстрадирани.