– Заменичката на косовскиот премиер и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, која престојува во работна посета на Германија, разговараше со сојузниот министер за одбрана на Германија, Борис Пистрориус.
Клучни теми на нивниот состанок беа соработката на двете земји во зачувувањето на безбедноста и стабилноста во регионот, усогласувањето на одбранбената и безбедносната политика и интеграцијата на Косово во НАТО, соопшти косовското МНР.
- Трамп за Маск: Не можам да се ослободам од него, не сака да си оди домаДоналд Трамп се пошегува дека „не може да се ослободи“ од Илон Маск- прочитај повеќе
- „Познатите им плаќаат на жртвите за да ги молчат“: Реј Џеј изнесува нови, шокантни тврдења за Паф Деди (фото)Поранешното момче на Ким Кардашијан, Реј Џеј, тврди дека некои познати личности му- прочитај повеќе
- Штекли по стапките на Фидел Кастро кој преживеал 683 обиди за атентатРаде Трајковски Штекли се приближува кон кубанскиот лидер Фидел Кастро, кој е светски- прочитај повеќе
- Израелската армија им порача на жителите јужно од Бејрут да се евакуираат пред нападите– Израелската армија денес издаде нова наредба за евакуација на жителите во јужното- прочитај повеќе
- Нови 67 случаи на грип во Македонија, вакцинирани вкупно 62.332 лицаШеесет и седум случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања- прочитај повеќе
Министерката Гервала го известила Писториус за безбедносната ситуација во Косово и во регионот, за континуираните заканувачки акции на Србите и за потребата од преземање брзи и одлучни чекори за зачувување на кревкиот мир во регионот. Таа побара зголемување и јакнење на улогата на Германија во регионот.
Гервала му се заблагодари на германскиот министер за одбрана за соработката во областа на безбедноста, особено за големата поддршка што Германија ја дава во изградбата на капацитетите на Косовските безбедносни сили, како и за долгогодишниот придонес на Германската воена мисија во рамките на НАТО на Косово (КФОР).
Во соопштението се наведува дека овој состанок е одржан пред посетата на германскиот министер за одбрана Писториус на Косово.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.