„Денеска на север од Митровица е најавено дека ќе се одржи протест/собир, поради што Полицијата на Косово, признавајќи го правото на јавни собири преку мирни протести, според службената должност се грижи за зачувување на јавниот ред и мир, како и за задачите одредени според Уставот на Република Косово“, се вели во соопштението.
Полицијата предупредува на опасност од инциденти, како последица на дејствувањето на, како што вели „криминалните групи на северот на државата“
„Имајќи ги предвид околностите и кревката безбедносна ситуација создадена од криминалните групи на северот на државата и тенденциите за дестабилизација на ситуацијата, Полицијата на Косово ги повикува граѓаните да бидат внимателни, да протестираат на мирен начин и да не станат жртви на можните провокации, од било каква природа“, се вели во соопштението.
Србите во Рударе денеска протестираат против изјавата на Курти, дадена во интервју за „Гардиан“, дека стравува оти при отсранувањето на барикадите може да има жртви, што според организаторите на протестот се толкува како најава на „истребување на српскиот народ во Косово“ и убивање на Србите на барикадите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.