Косовските власти ги укинаа визите за граѓаните на БиХ: Додик ја блокира реципрочната мерка

Властите во Приштина одлучија еднострано да ги укинат визите за граѓаните на БиХ. Поради противењето на Милорад Додик и Република Српска, сè уште нема да биде обратно. Аналитичарите сметаат дека тоа и штети на економијата на Босна и Херцеговина.

„Босна и Херцеговина не го призна самопрогласеното Косово и не може да ги признае ниту документите издадени од владата на Албин Курти“, вели претседателот на Република Српска Милорад Додик, пишува Дојче веле.

Ова е неговата реакција на најавата на косовскиот премиер Курти дека Косово од 1 јануари следната година ќе ги укине визите за граѓаните на Босна и Херцеговина. Во вториот ентитет, Федерацијата Босна и Херцеговина, нема противење на укинувањето на визите.

Пронајдете не на следниве мрежи: