Костадиновска-Стојчевска поднесе претставка против Гаши за обраќањето на албански јазик

Пратеничката на СДСМ и министерка за култура во заминување Бисера Костадиновска-Стојчевска соопшти дека веќе поднела претставка до Секторот за инспекција при Министерството за култура против новиот претседател на Собранието Африм Гаши поради тоа што заклетвата прво требал да ја прочита на македонски, а потоа и на албански јазик.

-Законот за употребата на македонскиот јазик е резултат на нашите заложби и политики за афирмација и правилна употреба на македонскиот јазик. Не може и не смее да се премолчи скандалозно дадената свечена заклетва, од, сега првиот човек на македонското Собрание. Затоа веќе поднесов претставка до Секторот за инспекција при Министерство за култура и понатаму ќе ги користам сите механизми кои се во моментов на располагање за заштита и начинот на употреба на македонскиот јазик. Очекував дека и сегашната претседателка на државата Сиљановска-Давкова со која тогаш во улога на пратеник заедно го доусовршувавме текстот на Законот за употреба на македонскиот јазик ќе реагира на ваквото однесување и дека најостро ќе го осуди чинот на недавање свечена заклетва на првиот официјален јазик во државата, изјавила Костадиновска-Стојчевска за „Слободен печат“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.