Костовски: Не можевме да ги донесеме измените на Кривичниот законик без пратениците на ДПМНЕ

Немаше да ги донесеме измените на Кривичниот законик без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тие направија кворум, вели во денешното гостување во Тешки муабети пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.

– Не знам дали имало преговори, доколку имало јас не сум бил дел од нив, вели Костовски кој додаде дека неговата улога во носењето на измените на КЗ била единствеон поддршката при гласањето во Собранието.

Судскиот совет утре бира претседател
Судскиот совет помина низ турбулентна година, а сето она што се случуваше изминатите 365 дена би можело да биде само увертира за нови возбудливи денови. 2024 година советот ја започна со старо-новата претседателка Весна Дамева, …
Четири хороскопски знаци кои најдобро се прилагодуваат на промените
Промените се неизбежен дел од животот. Без разлика дали се работи за нова работа, преселба или едноставно прилагодување на неочекувани ситуации, способноста да се носиме со новите околности често одредува колку успешно се движиме низ …

Како што рече Костовски, измените на Кривичниот законик се на барање на правната фела, бидејќи со години многу правници, меѓу кои и професори и адвокти барале измена на членот 353 од КЗ. Според Костовски најголема корист од измените на КЗ имаат актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, не на СДСМ и смета дека обвинувањата дека измените на КЗ се донесени поради Никола Груевски се несериозни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.