Во израелски напад врз северниот дел на Газа во април, беа убиени неговите три сина и најмалку тројца внуци.Политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, кој беше убиен во неговата резиденција во Техеран, е роден во бегалскиот камп Шати во Газа во 1962 година, откако неговите родители побегнаа од градот Аскалан по создавањето на државата Израел во 1948 година.
Ханије студирал на Институтот Ал Азхар во Газа, а подоцна и на Исламскиот универзитет во Газа, каде што дипломирал арапска литература, пренесува Ал Џезира.
Додека беше на универзитет во 1983 година, тој се приклучи на Исламскиот студентски блок, претходник на Хамас.Во групата, тој тесно соработуваше со ко-основачот на Хамас, шеикот Ахмед Јасин, и беше избран на функцијата политички лидер во 2017 година, на местото на Калед Мешал.
Израелските власти неколку пати го затвораа Ханије, а тој го напушти Појасот Газа во 2019 година, по неколку атентати, и оттогаш живее во егзил во Катар.
Во израелски напад врз северниот дел на Газа во април, беа убиени неговите три сина и најмалку тројца внуци.
Иранската револуционерна гарда утринава соопшти дека Ханије и неговиот телохранител биле убиени во Техеран, каде лидерот на Хамас присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Никој не ја презеде одговорноста, но се сомнева дека зад убиството стои Израел, кој претходно вети дека ќе ги убие лидерите на Хамас за нападот на групата на 7 октомври, според АП.
Хамас го нарече убиството „сериозна ескалација“ и се закани со „војна за ослободување на Ерусалим“.
Израел не даде изјава во врска со убиството, што е често случај кога станува збор за атентати извршени од израелската разузнавачка агенција Мосад, наведува американската агенција.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.