Кој град е најбезбеден во светот, а кој во Европа?

Токио е најбезбеден град во светот, а Амстердам – во Европа, според Индексот на најбезбедни градови во светот објавен од „Economist intelligence unit“, a се состои од дигитална, инфраструктурна, здравствена и лична безбедност.
Сингапур е втор најбезбеден град, по главниот град на Јапонија, додека јапонска Осака е на третото место на таа листа. Истите градови исто така ги заземаа тие позиции според индексите за 2015 и 2017 година.


На списокот се наведени 60 градови, а индексот се обиде да го опфати концептот на „урбана еластичност“, односно можноста на градовите да апсорбираат шокови и да закрепнат од нив, велат истражувачите.
Беа проценети четири видови безбедност: дигитална, инфраструктурна, здравствена и лична.
Азиско-пацифичкиот регион доминира во првите десет најбезбедни градови, како и во претходните години. Меѓу трите града споменати во првите десет се јужнокорејскиот Сеул (8-ми) и австралискиот Сиднеј (5-ти) и Мелбурн (10-ти).


Два европски и два северноамерикански градови се меѓу првите десет.
Амстердам е четврти на листата, Копенхаген е осми, Торонто е шести, а Вашингтон е седми.
Лагос (нигерија), Каракас (Венецуела), Јангон (Мјанмар), пакистанскиот Карачи и Дака (Бангладеш) се на последните пет позиции на тој индекс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.