Повеќе од 300 милиони луѓе ширум светот страдаат од депресија, а меѓу нив најмногу се жени. Се проценува дека бројот на депресивните луѓе ќе се зголемува.
Помеѓу помладата популација (на возраст од 14 до 25 години), двојно повеќе се депресивни девојчињата и девојките, за разлика од момчињата и младите мажи. Научниците одлучиле да откријат поради што жените се поранливата група.
Анхедонијата, односно отсуството од радост, уживање во активностите кои некогаш ни причинувале задоволство, е еден од обележјата на депресивното нарушување. На невролошко поле, анхедонијата претставува намалена активност во областа на мозокот која реагира на наградувањето, наречено ventral striatum.
Спроведеното истражување фрла ново светло на тоа како половите разлики кај депресијата се манифестираат во мозокот. Имено, научниците откриле дека воспалението влијае на реакцијата на мозокот на различни стимули кај мажите и жените.