Првичните резултати од обдукцијата што јавниот обвинител ја нареди врз почината 83-годишна жена од Струмица упатуваат на тоа дека станува збор за насилна смрт.
Кај починатата чие тело беше откриено на 20 јануари во куќа во Струмица се откриени траги кои упатуваат на тоа дека смртта настанала како последица на давење и задушување, како и две скршени ребра.
По насоки на јавниот обвинител интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривично дело. Непосредно по настанот Основнот јавно обвинителство Струмица изврши увид на лице место и беа подигнати траги кои веќе се предмет на вештачење.
Во куќата нема знаци за насилен влез, но е видливо претурање по лични предмети. Во насока на испитување на настанот, се вршат разговори со сите лица кои би можеле да имаат определени сознанија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.