Наскоро ќе помине една година откако многумина од нас почнаа да „складираат“ залихи на средства за дезинфекција, тоалетна хартија и конзервирана храна дома.
Овие залихи беа предвидени за деновите поминати во карантин, од страв дека ќе ги снема од продавниците. Иако оваа лудост сега стивна, многумина сигурно уште имаат барем неколку конзерви со готови оброци во шпајзот.
Конзервирањето ја одржува храната свежа и добра за јадење, особено онаа што е склона кон развој на разни патогени микроорганизми, а во процесот на зачувување на храната, намирниците исто така поминуваат низ процес на стерилизација.
„За жал, резултатот е значителна загуба на хранливи материи, но штом се конзервираат, овошјето или зеленчукот може да стојат со години, безбедни од опасни микроорганизми“, објаснува нутриционистот д-р Џес Кординг и открива која, според мислењето на професионалците, е најздравата конзервирана храна.
Тоа се конзервирани сардини и други видови конзервирана риба кои се достапен извор на протеини, но исто така и одржливи и не бараат долга подготовка или готвење. Додавањето конзервирана риба во вашата исхрана има голем број здравствени придобивки.
„Конзервираната сардина обично има помалку жива од многу други видови риби и се смета за еден од најдобрите избори на морска храна, особено ако не ви е достапна свежа“, вели Кординг.
Со нив, додава таа, внесуваме големи количини на протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини, а маслиновото масло дава моно-незаситени масти кои се здрави за срцето, објаснува таа.
Како да јадете сардини
Се препорачуваат две до три порции риба со ниска содржина на жива неделно, а Кординг препорачува да ги комбинирате со тестенини или крекери за ужинка.
Еве уште неколку интересни рецепти во кои можете да употребите конзервирани сардини: