Барал накит и пари, а потоа паднал
Несекојдневна приказна се случила во Чукарица во Србија кога крадец упаднал во куќа и починал барајќи пари и накит.
За случајот известени се полицијата и надлежното обвинителство.
Кражбата се случила пред два дена, во текот на ноќта, кога маж го скршил стаклото на вратата од куќата и влегол во неа. Жената која била во него побегнала и повикала полиција.
Advertisement
На крадецот, сепак, му се слошило и лекарите од итната помош можеле само да констатираат смрт.
По наредба на обвинител телото е пренесено на обдукција. Неофицијално, на телото немало видливи повреди, па најверојатно се работи за природна смрт.
Се чека резултатот од обдукцијата, како и утврдување на идентитетот, бидејќи мажот немал документи со себе.
Пронајдете не на следниве мрежи: