Кралицата Елизабета Втора е во одлични односи со Меган Маркл. Тие заедно беа на Самитот за млади лидери во Велика Британија.
Сопругата на принцот Хари изгледа навистина прекрасно, а во свој стил и по правилата за облекување беше и кралицата.
Светските медиуми деновиве на големо пишуваат за несогласувањата меѓу сопругите на двајцата браќа принцови.
Според нивните пишувања, односот меѓу војвотките од Кембриџ и Сасекс од пријателски преминал во натпреварувачки, бидејќи Кејт Мидлтон наводно одбива да и помогне на Меган да се прилагоди на животот во кралското семејство.
Мидлтон наводно не сакала да и помогне на Меган, сопругата на принцот Хари, бидејќи сметала дека Маркл сака да ја надмине.
Мидлтон сметала дека вложила многу труд и време во пријателството со Меган, но имала впечаток дека не и е возвратено во иста мера и не сака да биде искористена, пренесуваат светските медиуми.
Со ова појавување во јавноста, кралицата изгледа ја избра страната меѓу двете снаи. Таа останува во друштво со сопругата на помладиот од нив