Крајно време е Максим Димитриевски да излезе од Влада: Таравари официјализира „Албанска академија на науки и уметности“ во Македонија!

Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство во владата на ВМРО-ДПМНЕ започна со подготовки за основање на „албанска академија на науки и уметности“ во Македонија!

– Основањето и особено официјализирањето на Албанската академија на науките и уметностите е една од најдобрите иницијативи на ВЛЕН. Денеска за ова се собравме во Тетово и се чувствувам особено горд.
Ние сме еден од најстарите ако не и најстари народи на Балканот и во нашата ДНК е интелигенцијата и цивилизацијата на една античка култура! – напиша Таравари на Фејсбук.

Засега нема ни збор од коалиционите партнери, пред се од ВМРО-ДПМНЕ како носечка структура во Владата и ЗНАМ на Максим Димитриевски кој претходно најави дека доколку уште еднаш се појави албанско знаме низ кабинетите во Влада, тој ќе ја напушти Владата.

Пронајдете не на следниве мрежи: