БЕРЛИН: Сватовите се скарале, СЕ СТЕПАЛЕ, има мртви!

Конфликтот избил синоќа околу 23 часот

Едно лице загина во тепачка што избила синоќа на свадба во Берлин . Мажот, чиј идентитет не се соопштува, синоќа нешто по полноќ починал во болница, откако бил избоден со нож околу 23 часот во сала за славење во Кројцберг.

Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, за МИА потврди дека има лице од институцијата поврзано со случајот „Државна лотарија“ кое треба да биде спроведено во обвинителство. …
Хороскопски знаци на кои брзо им здосадуваат партнерите и ја прекинуваат врската поради ситници
Љубовта е полна со подеми и падови, а за некои хороскопски знаци тој првичен огномет брзо се гаси. После тоа, тие се подготвени да ја прекинат врската поради …

Полицијата приведе маж, кој е осомничен дека при тепачката извадил нож и го избодел несреќниот маж, кој по неполни два часа починал во болница.

Како што објави Билд , тепачката започнала околу 23 часот, по кратка расправија меѓу двајцата сватови. Очигледно ова не било прв пат двајцата мажи да се судрат.

Во еден момент пред очите на шокираните гости еден од насилниците на тепачката се струполи на подот. Тој наводно се здобил со најмалку една убодна рана.

Набрзо на терен пристигнала и полицијата која ги спречила гостите на свадбата да ја напуштат салата, додека лекарите се обиделе да го реанимираат избодениот маж, кој во болницата околу 00:45 часот била констатирана смрт.

Осомничениот за убиството во текот на ноќта бил приведен и испрашуван во полиција.

Се уште не се познати мотивите за конфликтот.

Наводно, во текот на целата ноќ полицијата ги испрашувала сватови кои биле сведоци на овој грозоморен чин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.