Кривично ќе се гони малолетник кој насилно ограбил друг малолетник во Старата скопска чаршија.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 15-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
На 13.09.2024 во Старата скопска чаршија, со закана со нож, пријавениот извршил разбојништво над друг малолетник , одземајќи му 3.000 денари, соопштија од полицијата.