Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.П.(43) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство, информира МВР.
На 30.05.2024 во семејната куќа, пријавениот физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга, нанесувајќи и телесни повреди.