Кривична за пироман од Струга, запалил сува трева во Мислешево

Четириесет и тригодишен стружанец заработи кривична пријава поради предизвикување пожар.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.На 08.09.2024, пријавениот на земјен пат во с.Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М.К.“, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: