Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против С.З.(35) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во својство на вршител на должноста директор на средно општинско училиште во Кочани, во април 2023 година, спротивно на член 40 став 1 од Законот за јавни набавки, за патување на тим од училиштето на Светското првенство по роботика во Мароко, без да спроведе постапка за јавна набавка, ангажирал туристичката агенција и за услугите ѝ исплатил износ од 296.960 денари и на тој начин овозможил да оствари противправна имотна корист во износ од 296.960 денари.
- Левица: Власта да ја поддржи интерпелацијата за Илире ДаутиВласта да ја поддржи интерпелацијата за Илире Даути, бараат од политикчата- прочитај повеќе
- INFOMAX.MKЗемјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран- прочитај повеќе
- Цените на угостителските услуги се зголемени за 6.1% за една годинаЦените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на- прочитај повеќе
- Денеска се празнуваат Светите Дваесет илјади никомидиски маченициВо времето на свирепиот цар Максимијан Херкул, христијанската вера во Никомидија- прочитај повеќе
- Бајден ги проширува санкциите против оние кои му се закануваат на Западен Балкан и ги поткопуваат повоените договориАмериканскиот претседател Џозеф Бајден ги прошири санкциите насочени кон категории- прочитај повеќе
Исто така, пријавениот, за учеството на тимот на училиштето на светскиот натпревар, без претходно донесена одлука за ребаланс на буџетот од страна на училишниот одбор, за оваа намена од сопствената сметка на училиштето исплатил 735.214 денари, односно 107.714 денари повеќе од прибраните по пат на донации.
Со ваквото дејствие, пријавениот постапил спротивно на член 89-а од Законот за средно образование и член 114 од Статутот на училиштето, со што го оштетил буџетот на средното училиште за износ од 107.714 денари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.