Кривична пријава за Максо, градоначалникот на Куманово
Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово, доби кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, потврди МВР.
Според членот 206 од Кривичниот законик на кој се однесува кривичната пријава за Димитриевски гласи: „Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна“.
Максим ова го прокоментира во статус на Фејсбук: „Кривична пријава? Класична злоупотреба на инструментите на власта. Легитимна постапка со независни и непристрасни професионалци ќе ја покаже вистината. Навикнат сум на борба. И понатаму со ист интензитет заедно со истомислениците ќе продолжам да се борам. Во минатото се борев против режим. Дали е на повидок нешто слично? Мојот приоритет во овие моменти е борба против епидемијата и здравјето на граѓаните. Правдата и вистината секогаш победува!“.
Повеќе од очигледно е дека се одвива некаква пресметка во редовите на владеачката гарнитура.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.