Поднесена е кривична пријава од страна на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија против две лица 20-годишниот А.А од Авганистан и23-годишниот А.К од Пакистан поради криумчарење на мигранти.
Имено овие две лица кои имале дозвола за престој во Грција се фатени како пред 3 дена, на 22.11.2024, во својство на водичи, од територијата на Грција прифатиле две групи од вкупно 11 лица мигранти и илегално и пеш ги префрлиле во с.Богородица, гевгелиско.
Судија на претходна постапка, на пријавените им изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.