Членовите на Кризниот штаб за борба против коронавирусот донесоа одлука под кои услови странските државјани можат да влезат во Србија.
Според РТС, странците кои доаѓаат во Србија од одредени земји ќе треба да имаат негативен тест ПЦР, не постар од 48 часа, одлучи Кризниот штаб.
Одлуката се однесува на Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија, изјави за РТС епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавшевиќ, исто така беше решено да се запрат ограничувањата што се однесуваа на граѓаните на Црна Гора.
Сите мерки стапуваат во сила утре.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.