Криси Тиген откри зошто постојано ги сокрива стапалата

Криси Тиген е една од ѕвездите кои се борат со разни права, природната убавина и прифаање на неправилностите.
Често објавува слики со разбушавена коса, без шминка, па дури и кога дои, а револуцијата за прифаќање на телото такво какво што е, ја покренала пред две години, објавувајќи неколку фотографии од нозете на кои јасно ѝ се гледаат стриите.

 

View this post on Instagram

 

? spot the difference

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

Но, убавата манекенка е човек како и сите останати, кој понекогаш не може против своите несигурности.
Имено, како што пренесува „Cosmopolitan“ Криси ги мрази своите стопала. За време на гостувањето во емисијата „Ellen DeGeneres“, се пошегувала на своја сметка, велејќи како смета дека има животински стопала, кои се создадени за качување по дрвја. Додала дека во секој нејзин договор за работа, јасно е нагласено дека одбива да ги фотографира или снима топалата, а доколку тоа е неизбежно, потребно е да бидат ретуширани.

Така е и со сите професионални фотографии од настаните на кои присуствува, па затоа е многу тешко да „уловите“ како навистина изгледаат нејзините стопала.
Сепак, понекогаш навистинс и неа не ѝ е премногу грижа, па на фотографиите на својот Инстаграм профил, Криси „заборава“ да ги фотошопира своите стопала.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.