Лускузниот брод “Карнивал Триумф“ останал без гориво, среде Мексиканскиот залив по пожар во погонскиот дел на бродот.
Светските медиуми јавуваат дека состојбата на бродот е драматична поради недостигот на струја, а веќе некое време не работеле тушевите, тоалетите и клима уредите. Патниците и по четири часа чекаат на ред за да дојдат до храна, а се случиле и првите тепачки околу тоа. “Карнивал Триумф“ насредината на морето стои од неделата.
Сведоци од бродот раскажуваат дека патниците спијат на палубата бидејќи во кабините не се издржува, водата тече од затнатите санитарни одводи, теписите во кабините се натопени со урина, а фекалии течат по ѕидови. Припадниците на крајбрежната стража го надгледуваат “заробениот“ брод.
Бродот кој припаѓа на истата компанија “Карнивал Леџенд“ дошол на помош на засуканиот крузер, но таа помош се сведува само на достава на храна и резерви со помош на чамци за спасување.
Шефот на “Карнивал круз лајнс“ Џери Кејхил ветил дека парите ќе им бидат вратени на сите патници на “Триумф“, вклучувајќи ги сите купувања кои ги направиле на бродот, освен сувенирите и казината. Бродот во САД би требало да стигне утре, а патниците ќе добијат бон во вредност на пропаднатото крстарење за некое друго патување.
извор:24sata.hrЛускузниот брод “Карнивал Триумф“ останал без гориво, среде Мексиканскиот залив по пожар во погонскиот дел