Мерните станици за квалитет на воздухот вчера бележаа енормна загаденост во делови од Македонија.
Во моментов најкритично е во Куманово, Битола и во Младиновци. Во овие градови загаденоста со ПМ-10 честички во воздухот е 3-4 пати над максималните граници.
Во регионот на Скопје, според моменталните податоци од мерните станици, најголема загаденост со ПМ-10 честички доаѓаат од мерачите кај Ректорат и Карпош.