Курти бара и Косово да добие кандидатски статус во ЕУ

Точно една година по поднесувањето на барањето за членство на Косово во Европската унија, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово треба што поскоро да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ.

Точно една година по поднесувањето на барањето за членство на Косово во Европската унија, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово треба што поскоро да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ.

Објавена фотографија од Жељко Самарџиќ стара 40 години: Погледнете како изгледаше тогаш пејачот
На интернет се појави фотографија стара 40-години на Жељко Самарџиќ на која пејачот е речиси непрепознатлив.Самарџиќ на фотографијата има сосема поинаква фризура, односно долга кафена коса, за разлика од имиџот …
Израел го уништи срцето на операцијата! Убиен главниот командант на Хезболах!
Ибрахим Акил, шеф на елитната единица на Хезболах Радван, е убиен во цел напад во Бејрут, Либан, соопштија во петокот израелските одбранбени сили.САД го обвинија Акил за бомбашкиот напад на …

Оценувајќи го како историско отворањето на преговорите за членство на Украина и Молдавија во ЕУ, Курти рече дека зачленувањето на земјите од Западен Балкан е пат да се обезбеди мир на континентот.

„Како една од најдемократските и про-ЕУ земји во регионот, на Косово треба без одложување да му се даде статус на кандидат“, напиша Курти на платформата „Икс“.

На 15 декември 2022 година, Курти го поднесе барањето на Косово за членство во ЕУ до Чешка, која тогаш претседаваше со ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.